Уредникот на Инфомакс во денешната епизода на Тешки муабети го повика Христијан Мицкоски дека изградил куќа од еден милион евра.
– Да го повикам Христијан да ме демантира за куќата, да не ги напаѓа колегите кои само ја пренесоа информацијата. Како новинар, како уредник на медиум, ирелевантно кој е колегата, никогаш нема да застанам на страната на политичар кој напаѓа колега новинар. Ги демантираше колегите кои ја објавија сторијата на Индекс, кои утврдија дека мојата информација е точна. Сега он ќе ги тужел дека куќата е на име на сестра му, кога е на сестра му не важи, ама кога ќе збориме дека брат, сопруга, татко на политичари имаат нешто е корупција, за него не е корупција.
Кога пушта ботови, знам дека гледа го имаме на скриншот, да објавуваат кој како купил куќа кола, да знае дека и за него има, вели Митовски. Нека дојде во студио, ќе бидеме фини, вели Митовски кој на прашање на гледачите одговори кога “пукна тиквата” со Мицкоски:
– У моментот кога разбрав дека во јули-август имале заеднички средби со Заев, против кои сме како редакција против. Ние се тепаме, ќе не брцаа во Кочани и Прилеп тој седнал со луѓето што сакаа да не брцаат, да преговара влади, Јас имам три кривични пријави, сега сум повикан на распит исто за објавен текст, вели Митовски.