Мицкоски повторно ги навреди македонските иселеници велејќи дека тие не можат да ја разберат овдешната негова борба.
На социјалните мрежи партиските послушници на Мицкоски споделуваат негова фотографија и цитат од него во кој вели дека “Само оној кој живее овде може да ги разбере нашите борби за подобра Македонија”.
Македонските иселеници се верен чувар на македонската традиција и култура, но и на македонскиот јазик и идентитет во државите во кои се иселени. Ова претставува голема навреда за луѓето кои, во голем дел се поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, а мора да се земе предвид дека тие не заминале од Македонија поради каприци, туку пред сè од економски причини.
Добивајте ги најновите вести во нашите групи на Вибер и Телеграм и дебатирајте во Телеграм групата за дебата на Инфомакс.
Во продолжение коментарот на Митовски, Милошевски и Јакимовски во врска со ова прашање во вчерашната епизода на Тешки Муабети.