(Видео) Молк од ФФМ за навредите кон Македонците на ЕП!

Oд Фудбалскиот сојуз на Србија уште вчера реагираа на скандалозното скандирање на натпреварот помеѓу Албанија и Хрватска, но од нашата федерација реакција се уште нема, ниту по 16 часа од натпреварот.

Натпреварот помеѓу Хрватска и Албанија беше преполн со националистички пораки, а освен Србите мета беа и Македонците.

Посебно е аларматно што навредите кон нас доаѓаат од репрезентативецот на Албанија Даку.

Даку преку мегафонот го водеше скандирањето на навивачите. ФСС брзо реагираше дури се закани и со напуштање на првенството, додека од ФФМ засега има само молк.

Пронајдете не на следниве мрежи: