(Видео) Невреме со пороен дожд во Пробиштип!

Метеорологот Славчо Попов на неговиот фејсбук-профил објави видео од пороен дожд во Пробиштип. Во следните, часови како резултат на ладен атмосферски фронт од север и тоа во горниот слој од атмосферата, Попоски прогнозира дека во Македонија и тоа особено во планинските места, но и во оние населени места кои се во близина на планините се очекува локален развој на грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

– Во ваква ситуација, можна е и појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, краткотрајно силен ветер, како и со појава на град. И во делови од Скопската котлина не се исклучува можноста за развој на вакви грмотевични облаци – пишува тој.

Што се однесува до температурите, тие и понатаму остануваат екстремно високи и насекаде ќе надминуваат 30/35 степени, додека во Скопската котлина, како и во централните и во југоисточните предели тие ќе се искачат и над 40 степени.

Слична ситуација со времето ќе имаме до крајот на оваа недела.

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи: