Неспособноста, безидејноста на градоначалникот Бобан Стефковски и ДПМНЕ излегува на виделина, велат од ЛДП.
– Канал за атмосферска канализација во должина од 1 километар започнат од претходната администрација на општината по договор склучен со фирмата Бауер кој чинеше 10 милиони денари.
По завршување на првата фаза, следуваше стопирање на проектот.
За штетата да биде поголема наспроти популизмот на Бобан и присвојување на заслугите, тој го промовираше како нов веќе постоечкиот проект за канал во должина од 430 метри дупло помалку од првичниот проект по цена од над 10 милиони денари.
Да потсетам дека на ова место во 2016 година поплавите одзедоа 22 жртви а куќите кои се во непосредна близина се соочија со воден талог од преку два ипол метри од природниот феномен 100 годишна вода.
Ваквата импровизација од 430 метри не претставува трајно и сигурно решение. Недозволиво е и не може да помине кај жителите на Стајковци.
Aко првата фаза е завршена, како градоначалникот повторно почнува започнат проект и зошто не го продолжил веднаш туку во трета година од неговиот мандат? Зошто цената е поголема за помала должина? Зошто е променета фирмата?
Бобан треба да одговори на многу прашања на граѓаните на Гази Баба. Тие заслужуваат одговори за неодговорното работење. Дали се работи за теснопартиски интереси договори и злоупотреба на буџетските средства на општинската администрација предводена од ДПМНЕ?
Испраќам јасна порака, ова владеење и овој хаос во општина Гази Баба ќе заврши на следните локални избори. – истакна Влатко Неделковски од ЛДП.