(Видео) Повредените од пожарот во Кочани на физикална терапија, во кочанската болницата недостасуваат медицински сестри

Околу 60 пацинети од повредените од пожарот во кочанската дискотека денеска беа на физикална терапија во кочанскта Општа болница. Тим од лекари од специјализанти, шест физиотерапевти вршат евалуација на повредените од пожарот. Се утврдува за секој пациент поединечно во која насока треба да се движи нивната рехабилитација.

Лекарите од кочанската и штипската болница претходно ги завршија обуките за соодветна грижа за повредените. Дополнително над 70 пацинети секојдневно одат на преврски во дневната амбуланта во кочанската болница.

„Реквизитите кои се потребни дел се набавени, дел ги имавме, а друг дел очекуваме во текот на оваа недела да пристигнат. Во моментот 40 пациенти одат на физикална терапија. Таа се одвива на три места, Одделот за физикална медицина, на Одделот на хирургија и на Одделот на неврологија. Делот за преврски се одвива на Одделот за хирургија, работат двајца хирурзи и четири инструментарки и доаѓаат тимови од Клиника за пластична хирургија.“ – вели Серафимовска.

Условите во кочанската болница се такви какви што се вели директорката, но децидна е дека работата се врши како што треба и се забележуваат успеси. Во моментот најголема потреба кочанската болница има од кадар, пред се од медицински сестри.

„Што се однесува до уловите тие се што се, болницата е отворена во 1985 година. Но, сметам дека физикалците и физиотерапевтите си ја вршат работата и има успеси. Најмногу сега во моментот ни треба е пресонал. Имаме многу медицински сестри кои заминаа во пензија, иамме доктори, во моментот потребни ни се медицински сестри.“ – додава Серафимовска.

Во моментот во кочанската болница има и психолоси и психијатри кои работат со повредените од пожарот во дискотеката, но и со нивните семејства. Но, како што посочи Серафимовска потребно е поголема заинтересираност од страна на пациентите, бидејќи се забележува дека ова се уште е табу тема.

Извор:МНЕТ

Пронајдете не на следниве мрежи: