(Видео) Полицијата вечерва апсеше среде Чаир

Вечерва (06.01.2024) во Скопје, на подрачје на Чаир, од страна на полициски службеници лишени се од слобода М.Ќ.(32), Н.С. (28) и Н.С.(35) од Скопје постапувајќи по пријава дека денеска околу 20.30 часот на територија на Кисела Вода извршиле кривично дело “тешка кражба”, по што се дале во бегство.

Но, по преземени мерки од полициски службеници, тројцата се лишени од слобода. При приведувањето тие ги нападнале полициските службеници. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштија од МВР.

https://www.facebook.com/reel/746893427322630
Пронајдете не на следниве мрежи: