Откако го одби неговото барање за кауција, судијката Мери Кеј Холтус од Лас Вегас беше нападната од криминалец за време на сослушувањето. На видео-снимката, направена во средата наутро, се гледа моментот кога Деобра Делоне Реден (30 г.) ја напаѓа судијката, пренесува Daily Mail.
Full Uncensored video of a violent attack by a criminal defendant who leaped over the bench at District Court Judge Mary Kay Holthus.#Nevada #Judge #LasVegas pic.twitter.com/nS5YMOQiXa
— Raw Reporting (@Raw_Reporting) January 3, 2024
Деобра Делоне Реден скока од местото каде што стое и ја прескокнува судиската клупа за да се соочи со судијката. Додека се фрла по неа, се слуша како ја навредува со погрдни зборови. Се гледа како неколку пати ја удира судијката иако обезбедувањето се обидело да ја одбрани и да го задржат лудиот криминалец. Судијката Мери Кеј Холтус го молел напаѓачот да се оттргне од неа.
Иронично е што Деобра Делоне Реден е осуден за нанесување тешки телесни повреди непосредно пред да ја нападне судијката. Повредена е судијката и нејзината состојба се следи, а повреден е и полицаецот кој седел до неа, кој е пренесен во болница.
„Ги поздравуваме херојските постапки на судијката и на полицијата, бидејќи успешно го задржаа обвинетиот. Ги разгледуваме безбедносните протоколи и ќе направиме се што е потребно за да го заштитиме судството, јавноста и нашите вработени“, се вели во соопштението на судот во Лас Вегас, пренесуваат американските медиуми.
Деобра Делоне Реден имал криминална историја и е обвинет за грабеж, напад, криминално оштетување и принуда. Судијката претходно бараше од него да се подложи на тест за проценка на разумот, а во октомври изминатата година било утврдено дека е здрав.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.