(Видео) Резил: Џо ја бакна Џорџа во глава, италијанската премиерка беше зачудена

Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја посети Белата куќа каде домаќин беше американскиот претседател Џо Бајден, а посебно внимание привлече еден детал од нивната средба.

На видеото од нивната средба на 1 март, објавено на Јутјуб од агенцијата Виста, може да се види како Бајден ја бакнува Мелони во косата откако таа се потпиша во книгата за посетители на Белата куќа.

– Уште една средба насочена кон зајакнување на нашето силно пријателство и соработка, која ја поддржуваат 20 милиони Американци со италијанско потекло – напиша Мелони по средбата со Бајден во Овалната соба.

Додека се збогувале, Бајден ја бакнал во глава, а се гледа како Мелони се смешка и се збогува со американскиот претседател.

На официјалната снимка од средбата меѓу Бајден и Мелони, која на Јутјуб ја објави Белата куќа, прикажана е само нивната средба во Овалната соба.

На друга снимка на агенцијата Виста, Бајден се слуша како вели дека ѝ посакал добредојде на Мелони со песната „Georgia On My Mind“ од Реј Чарлс.

Пронајдете не на следниве мрежи: