(Видео) Руски напад во Харков, има мртви и ранети

Едно 14-годишно девојче е убиено откако бомба истрелана од руската армија погодила игралиште во украинскиот град Харков, соопштија локалните власти, јавува Би-Би-Си.

Исто така најмалку уште шест лица загинаа, а 59 се повредени кога беше погодена и 12-катна станбена зграда во градот во близина на руската граница.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обнови своите повици до сите меѓународни партнери на Украина да и дозволат да гаѓа цели во Русија за да спречи такви напади.

Пронајдете не на следниве мрежи: