Човекот од Тексас кој ја уби сопругата пред камера осуден е на само десет години зад решетки!
Кери Бирмингем (60) беше осуден за убиство на неговата сопруга Патриша (48) во декември 2021 година, откако откри дека таа има афера. Страшната сцена е снимена на видео, но и покрај огромните докази, Бирмингем ќе одлежи десет години затвор.
На вознемирувачкото видео, тој е виден пред својот дом во Спринг, Тексас, облечен во бањарка, како држи пушка.
– Сега ќе се сретнете со Исус – на снимката се слуша Бирмингем пред да испука три куршуми во сопругата.
Злосторството се случило додека нивната ќерка Оливија била на училиште. Кери и Патриша се расправале 30 минути пред пукањето.
Аудиото, до кое дојде ABC13, содржи неколку минути од разговорот меѓу двајцата.
– Завршив – се слуша Кери.
– И јас завршив – одговара Патриша.
Адвокатот на одбраната Ентони Осо рече дека тој се изјаснил за виновен пред поротата која е составена од жени за да ги убеди поротниците дека тој пукал во Патриша во жешките моменти.
-Никогаш не се обидовме да ги оправдаме постапките на нашиот клиент, но одбраната не се занимаваше со оправдување. Се работеше за тоа зошто го направи тоа што го направи – рече Осо.
Бирмингем за убиството ќе одлежи десет години затвор, со можност за условно ослободување по пет години.
– Тој ден ги изгубив двајцата родители. Тој ден почина и мојот татко – изјавила ќерката за локалните медиуми.
Оливија сведочеше дека никогаш не го видела нејзиниот татко физички да ја малтретира нејзината мајка.
Сестрата на Патриша, Мери Дис, смета дека правдата не е задоволена.
– Сестра ми беше силна и не се откажуваше и не покажуваше страв кон тој човек. Обвинителите завршија извонредна работа и беа подеднакво шокирани од пресудата. Мислам дека судијата беше дури и шокиран. Овде не беше задоволена правдата. Мојата сестра не го заслужи ова. Кери Бирмингем не е жртва – изјави Дис.