Полицијата на Сплит доцна синоќа уапсила две тинејџерки кои удирале шамари и тепале трета, што може да се види и на снимките што синоќа се раширија на социјалните мрежи, јавува Слободна Далмација.
На снимките може да се види како најмалку две помлади жени ја тераат девојката да клекне на подот и ја навредуваат, тепаат и понижуваат. Едната девојка и удира шлаканица на девојка која клечи, а кон крајот на видеото ѝ приоѓа другата девојка одзади и ја клоца, при што жртвата паѓа и со лицето удира на земја, пренесуваат хрватските медиуми.
Нападот се случил во центарот на градот Сплит.
Како одговор на барањето на хрватски Индекс, полициската управа Сплит-Далмација соопшти дека е запознаена со содржината на снимките.
„Веднаш по сознанието за настанот е поведена кривична истрага“, се вели во полицискиот одговор за хрватски Индекс.
Потрагата по насилниците не траела долго и двете девојки биле уапсени околу 22 часот.
RODITELJI MOLIM VAS UČITE SVOJU DECU DA VAM SE OBRATE KAD IMAJU PROBLEM‼️
A ovim klinkama objasniti neke stvari…ali da ih mnogo boli. #caosvima pic.twitter.com/LcaL3MvG2y— ann (@ancica09) March 31, 2024