Голем број возила попладнево и вечерва го блокираа главниот град на Македонија со развиорени албански знамиња – се слави Денот на албанското знаме.
На крстосницата кај Мавровка се слушаа и рафални пукотници.
Граѓаните кои се најдоа во централниот дел од Скопје сведочат дека движењето во двата правци било целосно блокирано.