Флорјан Зани, познат како Хајат e лицето кое го уапси грчката полиција под сомнение дека навредувал и малтретирал хендикепирани лица и девојчиња.
Овој 35-годишен Албанец со грчка адреса е популарен лик на социјалната мрежа Тик Ток во Грција, а спорните видеа кои ги емитувал во живо од неговиот стан биле со цел да ја зголеми гледаноста и заради финансиската добивка.
Зани беше уапсен во вторникот напладне и се очекува да се појави пред судот кој ќе му изрече соодветни мерки по обвинениетот за расизам, физичко повредување на ранливи лица и навреди.
Со илјадници следбеници на социјалните мрежи, Зани е обвинет и за блудни дејствија со девојки кои ги поканил да учествуваат во неговите видеа емитувани во живо на ТикТок и ЈуТјуб. Полицијата упадна во просториите каде Албанецот вршеше директни преноси, пишуваат албанските медиуми за случајот.
Грчките медиуми јавуваат дека како материјален доказ се запленети повеќе компјутери, хард дискови и компјутерски програми. Се очекува да продолжат истрагите за документираните злоупотреби што можеби ги направил 35-годишниот Албанец.
Обвинетиот, според информациите, ги негира обвинувањата и наводно останува на ставот дека не станува збор за експлоатација, бидејќи имало согласност. Конечно, тој тврди дека има резерви за тоа дали навистина се работи за луѓе со ментална попреченост.
Во неговиот дом, полицијата пронашла две лица со пречки во развојот кои Јутјубер ги искористувал за што глумат во контроверзните видеа од кои заработувал.
Грчка Прототема објави дел од хорор видеата на кои се гледаат маж и жена со интелектуална попреченост како жртви на навредливото однесување на 35-годишникот.
На двете видеа, се гледа како младиот човек кој глуми како бара пари што му ги должат „продуцентите“ , а потоа е безмилосно претепан од Јутјуберот и неговата банда.
Инаку во ноември минатата година во Керацини беше уапсен уште еден Јутјубер кој извршил слични дела на злоупотреба на млади со ментална попреченост. Показател за степенот на злоупотреба е фактот што тогашната истрага откри 554 хорор видеа што ги гледале 22.000 претплатници кои плаќале до 150 евра за да ги гледаат жртвите како страдаат.
- Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша” Цвета Ристовска (член на ДКСК) од наставен кадар откако Телма ја праша Антикорупциска за нејзин можен судир на интересВечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја отстрани сликата на- прочитај повеќе
- Кортни Кардашијан ги надмина сите, па дури и нејзината сестра Ким: Нов божиќен хит со Дедо Мраз (фото)Кортни Кардашијан и нејзиниот сопруг Тревис Баркер го прославија Божиќ на интимен- прочитај повеќе
- Соларната сондата Паркер ќе биде најблиску до Сонцето во пресрет на БожиќСоларната сонда Паркер, која и припаѓа на американската вселенска агенција- прочитај повеќе
- Тајна средба меѓу Кејт Мидлтон и кралот Чарлс за преземање на тронот? Британската јавност зборува за драматичните настани на дворотКралот Чарлс Трети со месеци се бори со ракот, а британското- прочитај повеќе
- Само овој милионер успеа да ја освои една од најубавите жени на светот: Сите се прашуваат која е неговата тајна (фото)Шведската манекенка Викторија Силвстед (50) и швајцарскиот милионер Морис Даба (71) се во врска- прочитај повеќе