(Видео) Филипче вети интензивна комуникација со членството: Нема веќе нејавување на телефон!

Нема веќе нејавување на телефон, вети за време на теренската кампања поранешниот министер за здравство и кандидат за претседател на СДСМ, Венко Филипче.

– Нема повеќе нејавување на телефон, дури и за банална работа. Јас сум бил министер и знам што значи на пораки да се одговара и на телефон. Не може мене некој да ми каже тешко е, не е тешко. Јас знам како е. Така треба да работиме од јули натаму, кој и да биде избран за претседател, кој и да стави во раководството, ако така не се работи, завршена е приказната. Јас верувам дека единството во партијата и вербата во идеологијата ќе се врати само со интензивна комуникација, зошто така раководството покажува дека верува во тоа. – рече Филипче.

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи: