(Видео) Хеликоптер на МВР исфрли 45 тона вода – ставен под контрола пожарот кај селото Караслари, Велешко

Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР повторно дејствуваше врз пожар во село Караслари, општина Велес.

„Хеликоптерот во 30 налети исфрли 45 тона вода и во координација со силите на терен дејствуваше за гаснење на преостанатите жаришта, со што пожарот е ставен под контрола“, велат од МВР.

Од МВР додаваат дека по добиено второ барање од ЦУК, хеликоптерот е упатен и дејствува врз пожар во неготинско.

Пронајдете не на следниве мрежи: