Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани се средна со шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир.
На прес-конференцијата по средбата, Муртезани направи лапсус, па наместо Дејвид Гир, новиот министер го престави својот гостин како холивудскиот актер, Ричард Гир, по што набрзо беше поправен од присутните новинари.