Јакимовски: Како претседател нема да дозволам ниту еден граѓанин на РМ да биде малтретиран од странска држава!

Не можам да се изначудам како лесно си ги продаваат сопствените граѓаните за малку насмевка и тапкање по рамото, вели претседателскиот кандидат и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски на денешната претседателска конвенција.

– Јас ќе ви наведам само неколку примери.

Дали САД дозволуваат нејзин граѓанин да биде кривично процесуиран во некоја земја? Не, што и да направи ќе си го однесат во Америка и не дозволуваат да го черечи ниедна држава. Се сеќавате на министерот Радован Стојковски кој загина кај Катланово поради неодговорното возење во спротивен правец на припадник на КФОР, од Норвешка и истиот веднаш го земаа и го однесоа во Норвешка иако уби министер, неговата сопруга и неговата ќерка.

Е јас таков претседател ќе бидам!

Не дозволувам ниту еден граѓанин на Република Македонија биде малтретиран, па кој сака нека биде и ќе сторам се да ги заштитам граѓаните од надворешни влијанија и непринципиелните напади и разни црни листи.

Интересно е да се напомене дека на црните листи почнаа да ни ставаат и стопанственици. Јас само сакам да прашам, а кој ќе ни го вработува народот ако способните стопанственици си ги даваме како јагне на кланица. – вели Јакимовски.

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.