ВИДЕО| NASA бара волонтери за едногодишна симулација на живеење на Марс



Американската агенција за вселенски истражувања NASA бара четворица мотивирани кандидати за едногодишно симулирање на живот на Црвената планета.

Започнувајќи од пролетта 2025 година четворицата волонтери ќе минат 12 месеци во „Mars Dune Alpha“ во Хјустон, симулациско место со големина од околу 160 квадратни метри, според урнекот на замислената станица за истражување на Марс, објави NASA во петокот.

Истражувачката станица е модуларно 3Д испишана конструкција во вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон. Програма ќе ги симулира предизвиците на мисијата на Марс, вклучително и ограничувањето на ресурсите, дефекти на опремата, доцнење на комуникацијата и стресовите од околината. Задачите на екипажот вклучуваат и симулирани вселенски прошетки, роботски операции, одржува на живеалиштето, физички вежби и одгледување на посеви.

Ова е веќе втора ваква симулација којашто е дел од програмата на NASA позната под ознаката CHAPEA (Crew Health And Performance Exploration Analog) чијашто цел е да се извршат подготовките за мисиите на Марс.

Пријавите се отворени до 2-ри април, а кандидатите мора да имаат диплома од природните науки, да бидат на возраст од 30 до 55 години, „здрави, мотивирани“, непушачи и да имаат американско државјанство или постојан престој во САД. Исто така, мора одлично д аго владеат англискиот јазик.

 

 

 

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: