Визер скратува летови од Скопје поради 40 приземјени авиони

Почнувајќи од 27 октомври Wizz Air ќе намали летови за зимската сезона 2024/25, поради производни проблеми на моторите на нивните A320neo авиони.

Па така Wizz Air ќе ги намали летовите на девет линии од Скопје и шест од Белград, а ќе ги зголеми летовите на три дестинации од Скопје и четири од Белград.

Летовите од Скопје до Шарлроа и Ајндховен ќе се намалат од пет на четири неделно, до Берлин од пет на три, до Келн, Милано и Хамбург од четири на три, до Хан и Болоња од три на два, и до Малта од четири на три неделни ротации. Авиокомпанијата веќе ги прекина зимските летови од Скопје до Бремен, Копенхаген и Стокхолм Скавста.

Летовите до Нирнберг ќе се зголемат од два на три неделно, до Малме од три на пет, и до Лондон Лутон од три на четири неделни летови.

Wizz Air изјави дека планира да ги врати летовите од Скопје и Белград од летото 2025 година, и покрај тековните проблеми со моторите, кои ќе влијаат на авиокомпанијата уште две години.

Пронајдете не на следниве мрежи: