Викендов врнежи, од недела студ

УХМР информира дека во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди.

Во петок попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Локален дожд ќе има и во сабота. Во недела ќе дува засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата.
Според прогнозата, утре минималните температури ќе се спуштат до нула степени, а максималните ќе достигнат 20. За време на викендот максималните температури ќе бидат меѓу 15 и 19 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.