Под влијание на влажен бран од утре до понеделник ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Поради заладување повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места.
Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30 л/м2). На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова ќе има и во некои пониски места.
Од понеделник до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец (локално и над 60 км/час).
Преодно стабилизирање ќе има во вторник, а во среда се очекуваат нови локални врнежи со послаб интензитет.