Продукцијата „Скопје Филм Студио“ ја известува јавноста дека во периодов се работи на снимање на нов долгометражен игран филм со работен наслов “Хомо”. Филмот ќе се снима на повеќе локации низ град Скопје.
„Скопје Филм Студио“ известува дека, во координација со Надлежните институции, за потребите за снимање на филмот, на ден 30.3.2019 година (сабота), во период од 6 до 18 часот, ул. „Васил Главинов“ во правец од ул. „Димитрија Чуповски“ кон Бул. „Партизански одреди“ ќе биде затворена за сообраќај. Исто така, на ден 31.3.2019 година (недела), во период од 6 до 18 часот, ул. „Самоилова“ кај вкрстувањето со надвозникот кој поминува над бул. „Гоце Делчев“ ќе биде затворена за сообраќај, се наведува во соопштението.
Сообраќајот ќе биде стопиран, а возилата ќе coобраќаат со изменет режим – пренасочување кон околните улици, со повремени пропуштања.