Денес и утре времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Минималните денес ќе се движат од -7 до 2 степени, а максималните од 6 до 13 степени. За недела се прогнозираат за степен-два пониски температури, максималните ќе достигнат од 8 до 16 степени Целзиусови.
Од понеделник се очекуваат врнежи од дожд, но температурите ќе останат високи за овој период од годината и ќе се искачат до 17-от степен.
Пад на температурите се очекува од вторник, а од среда се прогнозира и снег и максимални температури до само 3 степени.