Познатиот актер Вил Смит вели дека „бомбите“ за вистината, или мемоарите на Џејда Пинкет Смит, некако го разбудиле и го натерале да сфати дека неговата отуѓена сопруга е поотпорна, попаметна и посочувствителна отколку што мислел.
Актерот во е-пошта призна дека развил „емоционално слепило“ за нејзините скриени нијанси откако Џејда Пинкет Смит му откри на светот дека парот живее целосно одвоени животи од 2016 година.
- Да помогнеме: Млад човек почина во Шпанија, семејството не може да плати транспорт на неговото тело
- Турската армија во состојба на готовност! Можно е влегување во Сирија
- Русите зазедоа место кое „лежи“ на литиум: Офанзивата на правецот Покровски продолжува, ова е приоритет на Москва
- Најмалку 5 загинати во шумските пожари во Калифорнија, се стравува дека бројот ќе расте: Над 130.000 евакуирани (фото)
- Кучето патувало 200 километри за да стигне до сопствениците кои се откажале од него: Кога го пронашле, кучето плачело
- Даниловски: Нема потреба од паника од метапневмовирус
- Биткоинот падна под 95.000 долари
- Русите жестоко го нападнаа Запорожје: Крвавите судири на фронтот не престануваат, 13 загинати, десетици ранети
- Денеска се празнува Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан
Високопрофилната холивудска двојка се венчаше во 1997 година и има две деца, а во минатото се зборуваше за разделба и брачните проблеми, но Џејда Пинкет Смит во интервју откри како парот во суштина се развел без документи.
New York Times пишува дека нејзините новите мемоари на Џејда Пинкет Смит некако го разбудиле Вил Смит.
Вил Смит во е-пошта до медиумите напишал:
„Кога сте со некого повеќе од половина од вашиот живот, настанува еден вид емоционално слепило и лесно можете да ја изгубите чувствителноста на неговите скриени нијанси и суптилни убавини“.
Мемоарите на Џејда Пинкет Смит излегуваат следната недела, а многумина тврдат дека ова откривање на вистината им наштетило на Вил и Џејда, како и на нивната репутација во Холивуд.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.