Изјавувањето љубов преку социјалните мрежи е најголемиот грев, по што следи јавната кавга на социјалните мрежи, како и тажните статуси поради раскинувањето на врската.
Дали сте едни од оние луѓе кои сите настани од нивната љубовна врска ги споделуваат на социјалните мрежи? Ако е така, бидете свесни дека вашето однесување иритира многу. Всушност, најновите истражувања покажуваат дека повеќето луѓе ги иритира објавување статус, поврзан со нечија љубов,а особено им пречи кога паровите си изјавуваат љубов преку фејсбук.
Според коментарите од испитаниците кои учествувале во анкетата на британската интернет страница Match.com, изјавувањето на љубов преку социјалните мрежи е најголемиот грев. Проследено е со јавна расправија на социјалните мрежи, како и жалосни статуси поради прекинот.
Интересно е дека се повеќе луѓе ги користат компјутерите да ги документираат нивните врски, а најдраго им е кога можат да објават дека се во врска. Остатокот од луѓето на социјалните мрежи таа информација сепак некако ја толерираат, но било какви дополнителни информации ги сметаат за претерани.
“Многу луѓе сакаат да споделуваат информации за нивната романтична врска, особено ако се на почеток.
Нема ништо лошо во тоа на вашите пријатели да им дадете до знаење дека сте во среќна врска, но никогаш немојте да претерувате и внимавајте со кого ги споделувате таквите информации.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Изјавувањето љубов преку социјалните мрежи е најголемиот грев, по што следи јавната кавга на социјалните мрежи, како и