Вицепремиерот за добро владеење НЕ МОЖЕЛ ДА СЕ ИЗРАЗИ НА МАКЕДОНСКИ, па зборуваше само на албански и англиски јазик

Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, зборува албански и англиски, но не и македонски јазик?

Фетаи по посетата на Гостивар и неговото прво појавување во јавноста даде изјави на албански и на англиски јазик, бидејќи како што рече на македонски не можел да се изрази. Тој зборуваше и за приоритетите кои ќе ги определи со неговиот тим и се фокусирани на три правци.

Ова наиде на остри критики во јавноста. Реагираше и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој на Фејсбук напиша:

– Уште еден министер, но сега во ВМРОвска влада, кој не знае македонски јазик! Уриме мицињаааа 🥳

#НикогашСеверина

#КосовскаПлатформаНаНајјако

Да беше СДСМ, ќе имаше хистерија, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.