Вкусен појадок од само 3 состојки: Рецепт за совршен и едноставен омлет со тиквички

Јајцата се храна што луѓето најчесто ги користат при подготовка на разни јадења. Тие се идеално решение ако сакате брзо да направите нешто што ќе ве задоволи. Рецептот за овој омлет е вистински летен појадок, бидејќи подготовката нема да ви одземе премногу време, а нема да стоите покрај шпоретот повеќе од 5 минути.
Овој вкусен омлет ќе ви даде енергија потребна за да го започнете работниот ден, а вие ќе го обожавате вкусот.
Состојки:
3 јајца
1 тиквица
1 лажица свеж магдонос
Подготовка:
Излупете тиква, изрендајте ја и исцедете го сокот. Додадете сол и оставете го да отстои некое време, па исцедете го добро. Во ренданите тиквички додадете сол, бибер, сецкан магдонос, зачини по желба и јајца, и сè ситно измешајте.
Подмачкајте ја тавата и истурете ја смесата, но цело време навалувајте ја тавата за да формирате круг и да ги ширите јајцата на рабовите. Кога ќе забележите дека долната страна на омлетот веќе се стврднал, тогаш свртете ја на другата страна.
Украсете го омлетот со магдонос, а потоа послужете го топол.
Пријатно!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.