Вкусна торта што се подготвува за само 20 минути

Одличен десерт доколку сте ограничени со време за подготовка
Потребни состојки:
За основата:
150 грама кекси
100 грама путер
2 лажици какао
За кремот:
300 грама чоколадо за готвење
500 грама маскарпоне
200 грама шеќер во прав
250 милилитри шлаг пена


Начин на подготовка:
Стопете го путерот и искршете ги кексите на ситни парчиња (можете и да ги смелите за да добиете ситен прав), па ставете ги во него. Обложете калап за торта со хартија за печење, па сипете ја основата од кексите и путерот.
Подгответе ја шлаг пената според упатствата на пакувањето, додајте ѝ го маскарпонето, шеќерот во прав и растопеното чоколадо за готвење (внимавајте да не биде претопло, потребно е да биде само малку млако). Мешајте додека не добиете мазна смеса и потоа прелијте ја на основата со кексите.
Прекријте го калапот со нешто, а потоа ставете го во фрижидер. Оставете ја тортата да отстои неколку часови за целосно да се олади.
Дополнителен совет: Од чоколадото за готвење можете да направите и глазура која потоа ќе ја прелиете преку тортата. За декорација, слободно можете да наредите и парчиња од своето омилено овошје или какви било јатки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.