Вкусни мексикански колачи со чоколадо

Concha или школки се мексикански колачи чиј рецепт ви го споделуваме денес. Може да содржат овошен или чоколаден фил, а најдобро одговараат со шолја силно црно кафе.

Потребни состојки:
550 грама брашно
2,5 лажички инстант квасец
250 мл млеко
70 грама шеќер
½ лажичка сол
2 јајца
115 грама путер
1 лажичка цимет
За фил:
115 грама путер
130 грама шеќер
1 лажица кора од портокал
110 грама брашно
50 грама какао
1 лажичка екстракт од ванила
½ лажичка сол

Вкусни мексикански колачи со чоколадо

Начин на подготовка:

Потопете го квасецот во топлото млеко и оставете го да отстои 5-10 минути.
2.Со миксер измешајте ги шеќерот, солта, јајцата, циметот и растопениот путер. Додадете го квасецот и повторно измешајте. Потоа постепено додавајте го брашното и мешајте додека смесата не се соедини. Додадете доволно брашно за тестото да биде компактно, но сепак малку лепливо.
3.Извадете го тестото на површина посипана со брашно и месете го додека не престане да се лепи. Ставете го во сад, покријте го со крпа и оставете го на топло место да нарасне околу два часа.
4.Тестото поделете го на 12 топчиња, ставете ги во плех обложен со хартија за печење со доволно простор помеѓу секое топче и покријте ги со крпа. Оставете ги околу час или два.
5.Измешајте го путерот со шеќерот, па додајте ги другите состојки за филот и измешајте. Нанесете го филот врз секое топче. Колачите се печат во рерна околу 20-25 минути на 180 степени целзиусови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.