Потребни состојки:
400 г бисквити/пишкоти
500 г маскарпоне
120 г шеќер во прав
Четири жолчки
200 мл слатка павлака
400 г јагоди
Начин на подготовка:
Најпрвин одвојте ги жолчките од белките, а жолчките изматете ги со миксер и додавајте шеќер во прв. Матете ги додека да добиете соединета смеса во која ќе го додадете маскарпонето и матете додека да се соедини смесата.
Потоа оставете ги пишкотите на неколку секунди во смесата од млеко и блендирани јагоди(10-15). Наредете ги во тавчето за торта во кое ќе го подготвите тирамисуто.
Преку првиот слој премачкајте со кремот и наредете еден ред пишкоти и премачкајте со остатокот од кремата. Повторно повторете ја постапката со тоа што во последниот слој ќе додадете и јагоди.
Изматете го шлагот и премачкајте врз последниот слој. Декорирајте го тирамисуто со какао во прав и оставете го два часа во фрижидер за да се излади.