„Владата на Република Северна Македонија останува на определбата за борба против дезинформациите кои се главен непријател на демократијата и општествениот напредок. Граѓаните имаат право на пристап до релевантни и вистинити информации и Владата преку јавните институции и отворената соработка со медиумите и медиумските здруженија воспостави нови практики на почитување на принципите на вистинитост, отчетност и транспарентност“.
Медиумските содржини објавени во некои информативни гласила дека премиерот @Zoran_Zaev поседува вила на грчкото приморје се лажни и тенденциозни.@VladaMK во име на премиерот Заев, категорично и целосно ја отфрла веста, премиерот Заев не поседува куќа во Грција.
— Портпарол на Влада на РСМ (@portparolVRSM) October 4, 2020
Од Владата под закана од судски инстанци побараа сите медиуми да се извинат за лажаната вест: „Бараме сите медиуми коишто ја објавија лажната вест во целост да го објават овој демант, во спротивно ќе се преземат сите правни механизми во насока на зачувување на угледот на засегнатите страни“.