Владата се задолжува со нови 8 милиони евра

 

 

И додека Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар, согласно објавените податоци на Министерството за финансии, реализацијата на државните инвестиции во Република Македонија целосно потфрли. Продолжува рекордно ниското ниво на капитални инвестиции и покрај владините најави дека реализацијата ќе се забрза.
Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека во перидот од јануари до април годинава се реализирани само 9,83 отсто од планираните капитални инвестиции за целата година.

Економистите коментираат дека капацитетот на институциите да ги спроведат јавните инвестиции се од пресудно значење за економскиот раст на земјите во развој како што е Македонија. Ниското ниво на јавни инвестиции покрај тоа што не создава можност за квалитетни јавни услуги за граѓаните, како училишта, градинки, медецинска опрема, но исто така се намалува и обемот на работа за домашните компании. Министерството за финансии редовно повлекува милионски суми на аукциите на државни хартии од вредност, но сепак и покрај енормните задолжувања инвестициите во реални проекти изостануваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK