Владата ќе го прекројува буџетот

Владата попладнево ќе одржи вонредна седница со единствена точка на дневен ред – ребаланс на буџетот.
Деталите за прекројувањето на буџетот нема, но се очекува да бидат прелоцирани дел од средствата што останаа непотрошени за капитални инвестиции во ставки кои може да се реализираат до нова година. Владата брза со ребалансот, поради можноста Собранието набрзо да биде распуштено.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.