ВЛЕН ги добива МЕПСО, Пошта, Управата за финансиско разузнавање – неофицијални најави

Порталот PortaliX објавува неофицијални најави за распределбата на места, за Коалицијата ВЛЕН . Според овие најави, албанскиот коалиционер ги добива раководни места во МЕПСО, Македонија Пат, Управата за финансиско разузнавање, Матичните книги, Државните резерви, додека местата заменик директор во Царина, Управа за јавни приходи, ЕЛЕМ, ПИОМ, Финансиска полиција, ФЗОМ.

На листата на институции со кои ќе раководи ВЛЕН се и Филхармонија, Албански театар Скопје, Просветниот инспекторат, Затворите во Струга и Тетово, Агро берза, ЈП за стопанисување со пасишта, Агенција за лични податоци, Национална радиодифузија, Агенција за супервизија на осигурување, Агенција за државни патишта, заменик Гувернер во НБРМ, заменик директор во ЕЛЕМ, како и директорски места во Клиниките. Има подолг список на директорски и заменички места во педесетина институции.

Извор: PortaliX

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.