ВЛЕН ќе ги избрка ЗНАМ? Димитриевски размислува за излез од Влада

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски е против формирање на „албанска академија на науките и уметностите“ во Македонија.

– Науката не смее да се политизира ниту пак да се етницира, таа има своја генеза и континуитет.
Ваквите обиди и идеи се резултат на постизборен популизам.
Во Македонија постои МАНУ како една и единствена Академија која им припаѓа на сите и никаков паралелизам не е дозволен.
Партнерите во власта од ВЛЕН е потребно да се свртат кон економски раст и развој на државата, подобар живот на сите граѓани на Македонија и суштинска заложба во сузбивање на криминалот и корупцијата вклучувајќи ја и политичката корупција.
За тоа е потребна и понуда на кадри со чисто минато без криминал и опашки. – вели Димитриевски за Инфомакс.

На прашањето дали е отворена опцијата за излез од Владата, како што претходно најави Димитриевски, тој истакна дека „сите опции се отворени“.

Вицепремиерот Изет Меџити денеска истакна дека здружението кое се формира треба да прерасне во Академија и истата да биде финансирана од државниот буџет.

Пронајдете не на следниве мрежи: