Министерот за здравство Венко Филипче на денешна прес конференција посочи дека влошено е здравјето на првата пациентка од Дебар која, заедно со сопругот, беше заразена со коронавирус.
Тој додаде дека таа е на граница за вклучување на апарат за механичка вентилација.
Останатите 8 пациенти се во стабилна состојба, вклучувајќи ја и првата пациентка која деновиве треба да биде пуштена на домашна нега.