ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат непријатно изненадени од нашиот резултат на изборите, вели Филипче

Борбата ќе биде изедначена и мислам дека бројот на пратеници ќе биде изедначен – вели носителот на листата на СДСМ во „четворката“ прашан каков резултат очекува, со оглед на тоа што анкетите им прогнозираат шест мандати во ИЕ 4

Од разговорите со граѓаните и сопартијците, можам да заклучам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат непријатно изненадени од нашиот резултат на изборите – вели Венко Филипче во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, прашан за очекувања за исходот од парламентарните избори во Изборната единица 4, каде што тој е носител на листата на СДСМ и коалицијата, во контекст на анкетите кои им предвидуваат шест сигурни мандати.

Филипче: Нашите анализи и анкети покажуваат дека бројот на гласови е навистина блиску помеѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ. Ако на тоа го додадеме бројот на гласови за ЛДП и ДОМ, кои на изминатите избори, на локалните избори настапуваа самостојно, разликата е минимална. Така што, борбата ќе биде изедначена и мислам дека бројот на пратеници ќе биде изедначен.

360°: Што значи тоа изедначен, бидејќи таму може и ЗНАМ и Левица да освојат пратеници?

Филипче: Ако зборуваме во контекст на тоа колку пратеници би освоиле ние, а колку ВМРО-ДПМНЕ, нашите проценки се дека ќе бидеме изедначени. Според нашите анкети, бројот на гласови е тука некаде.

Најави за големи разлики имаше и на минатите избори, но не бешен така, одговара Филипче на новинарската забелешка дека ВМРО-ДПМНЕ очекува најголема разлика токму во третата и четвртата изборна единица. За очекувањата за резултатот во сите изборни единици, Филипче се надева дека граѓаните ќе ги препознаат позитивните политики и бенефити.

„Да бидам искрен, сите бенефити некако како да останаа невидливи, како да не успеавме да ги презентираме бенефитите кои граѓаните ги имаат од имплементираните политики изминатите речиси осум години. Потребна е сериозна комуникација со граѓаните, да видиме од што се чувствуваат разочарани, каде сметаат дека ние сме потфрлиле. Во овој преткампањски период, тоа и го правиме. Очекувам тоа граѓаните да го препознаат, дека СДСМ е опцијата којашто ја нуди единствената прогресивна, проевропска политика во државата“,

вели Филипче.

Пронајдете не на следниве мрежи: