Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги доби резултатите од лабораториските тестирања на земените мостри вода од гостиварскиот водоводен систем кои ги изврши Институтот за јавно здравје Скопје, во рамки на вонредниот инспекциски надзор на АХВ на 05.10.2024 година.
Резултатите од испитaната вода, земени од три мерни места во Гостивар, се безбедни, односно физичко – хемиски и бактериолошки, одговараат со дефинираните критериуми за безбедност со Правилник за барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење. И присуството на манган е во граница на дозволените вредности.