Возач на автобус на туристичка агенција од С Македонија загинал во сообраќајна несреќа во Италија


Во сообраќајната несреќа која се случила на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона, според информациите на Министерството за надворшни работи, полесно биле повредени 12 лица, исто така, државјани на С Македонија

Возач на автобус на туристичка агенција од Северна Македонија загинал во сообраќајна несреќа која денеска се случила на автопат во Италија.  

Зградата на Министерството за надворешни работи на РС Македонија / Фото: Архива

Станува збор за државјанин на Северна Македонија со иницијали Р.И., роден 1965 година. 

Информацијата попладнево ја соопшти Министерството за надворешни работи (МНР) кое за несреќата, во која полесно се повредени и 12 патници, исто така македонски државјани, било известено од Амбасадата на земјава во Рим. 

Според соопштението на МНР, сообраќајната несреќа се случила на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија. 

„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија преку Амбасадата во Рим е информирано дека денес на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија се случила сообраќајна несреќа во која учествувал автобус на туристичка агенција од Северна Македонија, при што на лице место починал возачот на автобусот, Р.И. (1965) државјанин на Северна Македонија, додека полесно се повредени 12 патници, исто така наши државјани“,

се наведува во соопштението од МНР. 

Во информацијата не се наведуваат повеќе детали за околностите и причините поради кои дошло до сообраќајката. 

Од МНР велат дека преку Амбасадата во Рим остануваат во континуирана комуникација со надлежните италијански институции кои работат на целосно расчистување на случајот.  

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: