Променете ја секојдневната рутина во вашата врска и ќе видите како повторно ќе се заљубите во партнерот, но и повторно ќе копнеете по него во секоја смисла на тој збор.
Дали е апстиненцијата навистина корисна? Или сепак не е здраво да ги придушуваме своите природни нагони?
Многу луѓе се одлучуваат за апстиненција иако се наоѓаат во стабилни врски, или во брак. Но после 90 дена без секс, многумина признаваат дека биле многу повеќе заљубени и дека чувствувале многу поголема љубов кон партнерот за разлика од порано.
А ова се три одлични причини за повремено да се воздржите од секс!
1. Обновете ја страста во врската
Ако сакате да ја обновите страста во врската, можеби сега е најдоброто време за некое време да апстинирате. Променете ја секојдневната рутина во вашата врска и ќе видите дека повторно ќе се заљубите во партнерот и дека многу повеќе ќе копнеете по него, во буквална смисла на зборот. После одреден период поминат во апстиненција, страста во вашата врска повторно ќе се разгори, а првиот секс после тој подолг временски период со сигурност ќе биде луд и незаборавен.
2. Остварувате подобра поврзаност со партнерот
Се согласуваме дека сексот е многу важна ставка во секоја зрела емотивна врска, но повремената апстиненција може само да ја зацврсти врската и да ги подобри сите останати сфери од вашиот однос. Искористете го времето без секс за повеќе да се фокусирате на интересите, стравовите и надежите на вашиот партнер и впивајте колку што е можно повеќе од убавината на платонскиот однос.
3. Полесно ќе ја разликувате љубовта од страста
Тешко е да се раздвои страста од љубовта, особено во почетната фаза на една врска, пред сè поради разбрануваната хемија и заслепеноста коишто таа возбуда ги носи. Но повремената апстиненција од секс ќе ви помогне за со партнерот да остварите длабок интимен однос, без првенствен физички контакт.