„Вози внимателно и одговорно” – Превентивни активности во Гостивар






Денеска (11 февруари) на неколку пунктови во централното подрачје во Гостивар се спроведе превентивна активност во рамките на кампањата “Вози внимателно и одговорно”, чии носители беа Отсекот за превенција на СВР Тетово и Полициската станица од општа надлежност Гостивар.

На стотина возачи, претежно на патнички моторни возила, полициските службеници им поделија наменски изработени летоци со совети и укажувања – да не користат мобилен телефон додека возат, зашто зборувањето на мобилен телефон или пишувањето пораки во значителна мерка им го одвлекува вниманието и ја доведува во ризик нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
„Во непосреден разговор со возачите беа споделени и повеќе бројки и показатели за сообраќајните несреќи и за последиците од истите, предизвикани токму поради користење на мобилен телефон при возење или некористење на сигурносен појас. Возачите беа запознати и со законските санкции предвидени за ваквиот вид сообраќајни прекршоци, за поднесоците и паричните глоби согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.“, извести полицијата.
Целта на овие активности и на кампањата што заеднички ја реализираат МВР, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност-Скопје е да се придонесе за подигнување на сообраќајната свест и култура на возачите како мошне битен предуслов за поголема безбедност во сообраќајот на патиштата во Полог и пошироко во државата

Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гостин: д-р Агим Јакупи

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: