ВОЈНАТА ИМ ДОНЕСЕ ПРОСПЕРИТЕТ |Приходите на Норвешка од продажбата на нафта и гас се зголемија за петпати во 2022 година

Во „исклучителната“ 2022 година, Норвешка заработила петпати повеќе од продажбата на нафта и гас благодарение на рекордно високите цени, објави денеска државната компанија Петоро. 

ВОЈНАТА ИМ ДОНЕСЕ ПРОСПЕРИТЕТ |Приходите на Норвешка од продажбата на нафта и гас се зголемија за петпати во 2022 година

Петоро уплатиле 528 милијарди норвешки круни (46,6 милијарди евра) во државната каса, што е повеќе од петпати повеќе отколку во „нормална“ година, се наведува во извештајот. 

Приходите се за 342 милијарди круни повисоки од 2021 година, бидејќи рускиот извоз се намали, а Норвешка го зголеми уделот во снабдувањето со гас во Европа на 30 проценти. 

Производството на гас се зголеми за седум отсто, на 109 милиони кубни метри, а просечната остварена цена е зголемена за повеќе од двојно. 

Во следните четири до пет години производството на гас треба да остане на нивото од 2022 година, забележува Петоро. Просечната остварена цена на нафтата лани пораснала за 48,6 отсто, на 104 долари за барел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.