Речиси 21 тон хероин се запленети е во операција во источен Авганистан, изјави во вторникот првиот човек на руската Федерална служба за контрола на наркотиците (ФСКН), Виктор Иванов.„Вчера (во понеделникот -з.р) е спроведена операција во покраината Хангахар во текот на која се уништени неколку лаборатории за производство на дроги и се запленети 21 тон хероин“, изјавил Виктор Иванов во Москва, пренесува РИА Новости.Како што појаснил челникот на Федералната служба за контрола на наркотиците на Руската Федерација, во операцијата учествувале и офицери на Службата. Нагласил дека оваа единствена операција е резултат на повеќемесечна работа на службата. Во неа била добиена поддршка од осум хеликоптери на меѓународните сили за поддршка на безбедноста во Авганистан од мисијата (ИСАФ).„Дваесет иеден тон всушност е количеството дрога коешто годишно влегува во Русија“, додал Иванов. Како што е познато најголемиот дел од хероинот кој влегува во Русија, потекнува токму од Авганистан.Авганистанската новинска агенција Pajhwok Afghan News (PAN), соопшти дека во понеделникот се уништени пет лаборатории за производство на хероин во областа Шерзад во источната покраина Нангахар во, при што биле уапсени неколку лица.
МакфаксРечиси 21 тон хероин се запленети е во операција во источен Авганистан, изјави во вторникот првиот човек на руск