Во Битола на инфективна е критично, 39 хоспитализирани најголем дел се во тешка состојба

Во Битола на инфективна критично, 39 хоспитализирани најголем дел се во тешка состојба

Директорката на Клиничката болница во Битола, Билјана Гагачовска, денес соопшти дека состојбата на инфективното одделение е критична и реча:

  • На инфективното одделение во Клиничката болница во Битола има 39 хоспитализирани лица, а за жал на поголемиот дел од пациентите состојбата им е многу тешка и имаат перманентна кислородна поддршка. Останатите се со средно тешка кон тешка состојба.

За исполнетоста на капацитетите на Инфективното одделение, кое е и регионален ковид центар, Гагачовска додаде:

  • Капацитетот се уште не е целосно пополнет има празни места, а доколку се влоши состојбата раководството на болницата  има и планови за понатаму.

Докторите и останатиот кадар се преморени:

  • Медицинскиот кадар е изморен, работи девет месеци без прекин од појавата на пандемијата. На инфективно не се само инфектолозите, таму с пнеумофтизиолозите, а вклучени се и интернистите. По принципот на ротација поради зголемената бројка вклучене се и медицински сестри од другите одделенија кои ротираат.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.