Во болниците има 1.348 пациенти заразени со КОРОНА ВИРУСОТ
Министерството за здравство соопшти дека, од болниците низ земјава, после Скопје најмногу хоспитализирани пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 има во Прилеп, 130. Во Битола се хоспитализирани 75, во болницата во Штип 59 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во ковид центарот во Гостивар 62, а во Струга 43 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациент, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 44, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.348 и има околу 180 празни болнички кревети во ковид центрите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.