Во Бугарија уапсен Игор Спасов – убиецот на Мартин Нешковски

Бугарската полиција не извести дека денеска во Софија приведен е Игор Спасов, по наша распишана потерница, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Спасов, поранешен припадник на „Тигрите“ беше осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешкоски што се случи на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година. Тој има досега отслужено шест години затвор.
По апсењето од бугарската полиција, Спасов ќе биде во екстрадициски притвор, а македонското Министерство за правда ќе треба да почне постапка за негова ектрадиција.
Тоа значи дека на бугарските правосудни органи ќе треба да им бидат испратени сите докази и пресудата за убиството на Мартин Нешковски, за кое Спасов доби казна од 14 години затвор.
Повеќе официјални информации за тоа каде се криел Спасов, како бил фатен и откриен, следуваат во текот на утрешниот ден од МВР.
Со медицинската документација што ја поднесуваше до судот од август, 2018 година, а оттаму ја прифаќаат, Спасов веќе втора година со здравствените причини го оправдуваше своето отсуство и не се враќа во затворската ќелија во земјава.
Осудениот Спасов во затвор требаше да се врати откако ќе му заврши лекувањето, но тоа не се случи. Наместо тоа, тој побегна.
По него МВР распиша потерница.
Прекинот на издржувањето на затворската казна не му се засметува во отслужувањето на затворска казна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.