Во Вардар кај Гостивар вчера исчезна маж

Припадници на полицијата и пожарникари повеќе од три часа вчера трагаа по маж кој паднал во водите на Вардар на излезот од Гостивар. Во полиција било пријавено дека околу 16 часот во близина на селото Мало Турчане е забележано тело на маж кое го носела водата. Гостиварецот кој го пријавил настанот се обидел да го извлече, но не успеал. Во близина на селото Балиндол го изгубил од вид, по што била повикана полицијата и пожарникари.
Засега е непознат идентитетот на мажот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.