Според пишувањата на грчките медиуми вчера во хотелска соба во Каракас бил пронајден мртов конзулот на Грција во Венецуела.
Како што јави дописничката на МИА од Атина медиумите во Венецуела пишуваат дека 55-годишниот Ангелос Харитос, веројатно починал од мозочен удар. Министерството за надворешни работи на Грција очекува од венецуелските власти да ги соопштат причините за смртта, но и дека засега не постојат знаци дека станува збор за кривично дело, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.