Во водите на прилепското вештачко езеро изутринава е пронајдено телото на исчезнатата 50-годишна прилепчанка

Во водите на прилепското вештачко езеро изутринава е најдено безживотното тело на 50-годишната прилепчанка која исчезна кога излегла од својот дом околу 23 часот на 16 декември.
Според Дарко Неданоски, спелеолог и раководител на спасувачката служба „Златоврв“, биле подготвени со чамци и евентуално нуркање во езерото за да ја побараат како една од алтернативите да се дознае што се случило со прилепчанката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.